fbpx

Со професионален фотограф на породување: Туна стана мајка по вторпат

Познатата македонска пејачка и текстописец Туна Сејдиу стана мајка по вторпат.

Радосната вест веднаш ја сподели со своите фанови на „Инстаграм“ споделувајќи и неколку професионални фотографии од породувањето потпишани од Мартин Трајановски.

„Му се молев на Бог да ми даде маж кој секогаш ќе ме сака. Тој ме благослови со два сина. Среќен Ден на мајката! Горда мајка на Тиан и Зен“, напиша таа.

Туна со синот Тиан и со сопругот Патрис Бериша

Туна, инаку ќерка на поранешниот олимписки борач Шабан Сејдиу, е дефинитивно најпопуларната пејачка кај нас од албанска националност. Таа е вистинска ѕвезда во Албанија и во Косово.

Пред повеќе од една деценија добро котираше и на домашната музичка сцена, откако се прослави во шоуто за таленти „М2-потрага по ѕвезда“.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Куќа на ужасот: Кој е човекот кој сечел луѓе за Беливук?

По информацијата дека навивачот Здравко Радојевиќ кој исчезна во ноември минатата година е ликвидиран во куќата на ужасот во Ритопек која наводно ја користел Вељко Беливук, повторно се актуелизира темата за ѕверските убиства кои се припишуваат на неговата криминална банда. Во бункерот на оваа куќа е пронајдена индустриска мелница за […]