fbpx

Наташа од „Жикина династија“ крие мрачна тајна: Еве како изгледа денес!

Една од најубавите југословенски актерки, Гала Виденовиќ Алексиќ, иако се прослави во филмот „Јагоди во грлото“, јавноста најмногу ја памети по серијалот „Жикина династија“ каде ја глумеше Русинката Наташа.

Глумицата која цела поранешна Југославија ја фасцинираше со улогата на Естер во легендарниот филм „Бал на вода“ никогаш не го експонирала приватниот живот. Таа пред неколку години откри мрачна тајна од снимањето на овој проект која речиси никој не ја знаеше. Во ова филмско остварување партнер ѝ беше Милан Штрљиќ, а во една прилика истакна колку тешко ги поднела интимните сцени.

Порасна без родители, болеста го сруши: Тажниот живот на ѕвездата од „Жикина династија“

„Кога требаше да ги работиме љубвоните сцени, се испокарав со режисерот и десет дена воопшто не разговаравме. Немав проблем со разголувањето, но со оглед на фактот што Естер е многу млада и дека е во прашање нејзино прво сексуално искуство, сметав дека не може да делува како да е искусна“, појасни таа пред неколку години и во истата прилика истакна дека до денес се’ уште не го погледнала филмот во целост бидејќи, како што вели, го доживеала на многу емотивен начин.

Гала пред неколку години се појави и во ситкомот „Андрија и Анѓелка“ каде одлично се снајде како професорка по англиски јазик. Покрај одличната глума, легендарната актерка покажа и дека особено внимава на изгледот и дека и понатаму плени со убавината.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Баба Ванѓа ми рече да заспијам на купче шеќер: Ја послушав и сѐ ми се оствари!

Една од легендите на бугарскиот спорт, светската рекордерка во скок во височина Стефка Костадинова, раскажа неверојатна приказна на една бугарска телевизија откривајќи како во 1985 година баба Ванѓа ѝ го променила животот. Баба Ванѓа цврсто веруваше дека ова носи среќа: Ако сакаш пари, еве што да направиш! Костадинова била во […]