fbpx

Монструм од дете: Нови детали за Веља Невоља

Најозборуван криминалец на овие простори со месеци е Вељко Беливук многу попознат како Веља Неваља. Ѕверските убиства кои му се припишуваат досега беа карактеристични само за мексиканските нарко-картели и за исламските терористи, па јавноста сериозно се вознемири.

Медиумите почнаа секојдневно да копаат во минатото на Невоља, а последна работа која ја открија е големата семејна тајна која ја знаеле само неговите најблиски соработници.

Кога имал само девет години, неговиот татко извршил масакр во семејниот стан активирајќи рачна бомба. Настрадале тој, неговата сопруга Бранка и нејзината мајка Мирјана, а во станот бил и Вељко со уште едно дете за кои се’ уште е чудно како преживеале.

На социјалните мрежи може да се најдат два профила под името „Вељко Беливук“ кои се приватни и на кои има една објава. На „Фејсбук“ постои профил со истото име од 2013 година, но и таму има само една објава. Не е пронајден ниту профилот на неговата сопруга Бојана, а и немаат ниту една заедничка фотографија.

Куќа на ужасот: Кој е човекот кој сечел луѓе за Беливук?

Истрагата покажа дека на Беливук слабост му биле атрактивни жени. Повеќе старлети се осомничени дека одработувале за него, наводно пренесувале дрога, но и переле пари. Меѓу нив се и приведените Тијана Максимовиќ и Милица Живановиќ, познати како Тијана Ајфон и Мими Оро кои често ги има во медиумите.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Почивај во мир, маестро: Нова трагедија на естрадата

Истакнатиот македонски композитор, аранжер и клавијатурист Тодор Трајчевски почина од последици на Ковид-19. Тажната вест ја потврдија и од Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ), а неговите колеги му посветуваат емотивни статуси на социјалните мрежи. „Бог да го прости мојот идол што се однесува до аранжирање на нашиот македонски фолкор. […]