fbpx

Ги чуваше децата до последен здив: Солзи за убиената млада наставничка

Во рускиот град Казан вчера беа убиени девет лица, меѓу кои и две наставнички кои ги загубија животите спасувајќи ги своите ученици.

Младата учителка Елвира Игнатиев четири години предавала англиски јазик во училиштето каде се случи масакрот.

Според извештајот на полицијата базиран на очевидци, таа му застанала на патот на убиецот штитејќи едно од децата и така се здобила со смртоносни рани.

Локалните медиуми информираат дека Игнатиева почнала да предава истата учебна година кога осомничениот напаѓач Илназ Галјавиев (19) го завршил основното образование, но таа не му предавала, пишува „Русија денес“.

Другата наставничка која загина е 55-годишната Венера Аизатова која предавала математика за предшколска возраст. Со 34 години работно искуство, примила низа професионални награди, вкулучувајќи го и признанието „Учител на дигиталното време“ за користењето на информатичка технологија во наставниот процес.

Рустам Миникханов, претседателот на рускиот регион Татарстан, чиј главен град е Казан, денешниот ден го прогласи за Ден на жалост во чест на починатите. Повеќе од десет деца се’ уште се наоѓаат во болница поради сериозноста на повредите.

Фото: ВКонтакте/Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Тошка, ти беше ангел на земјата што успеав да го препознаам: Сузана Спасовска со трогателна посвета

Не стивнуваат реакциите по смртта на истакнатиот македонски композитор, аранжер и клавијатурист Тодор Трајчевски кој почина од последици на Ковид-19. По неговиот близок колега, музичарот Сашо Ливрински, пред малку на социјалните мрежи се огласи и една од најдобрите македонски пејачки Сузана Спасовска со која има многу успешни соработки. „Тешко е.. […]