Една од најновите случки на исцеление со силата на молитвата пред моштите на Св. Василиј Острошки ја забележал протоереј-ставрофор Ранко Билинац, парох во Источно Сараево, а ја раскажува Југослав Васковиќ.
„Роден сум на 22 март 1979 година во Сараево. На 8 јули 2013 година почнав тешко да ги изговарам зборовите. По два дена потполно онемев“, ја почнува тој својата приказна.
Одел кај разни доктори, но тие немале решение за неговата болест.
„Многу непреспиени ноќи, ми беше тешко децата да ме гледаат таков. После 17 дена од мојата агонија, отидов, слава му и милост, под Острог, каде тамошниот свештеник ми прочита молитва над моштите на Св. Василиј Велики. Таа ноќ кога се вратив дома, легнав да спијам со надеж дека говорот ќе ми се врати. Верував во помошта на светителот. Наутро, во 6:55 часот, кога се разбудив мене ми се врати моќта на говор. Слава му на светителот и благодарност“, вели Васковиќ.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.