fbpx

Тошка, ти беше ангел на земјата што успеав да го препознаам: Сузана Спасовска со трогателна посвета

Не стивнуваат реакциите по смртта на истакнатиот македонски композитор, аранжер и клавијатурист Тодор Трајчевски кој почина од последици на Ковид-19.

По неговиот близок колега, музичарот Сашо Ливрински, пред малку на социјалните мрежи се огласи и една од најдобрите македонски пејачки Сузана Спасовска со која има многу успешни соработки.

„Тешко е.. Тажно е.. Драг Тошка, од самиот почеток на мојата кариера ме воздигна со хитовите кои вечно ќе траат.. Кога љуби мома млада, Робинка, Плати ми, вонвременската „Ти верував до крај“ и многу други.. Тошка нели ќе создававме уште музика и проекти, нели имаше нешто специјално, само за мене??? Ах, драг мој соработнику, пријателе, кој на секое видување пиеше по една голтка од мојот пијалок и велеше дека тоа ми го правиш само мене, за да се пошегуваш и да ме насмееш.. Тошка, кафето и договорите за нови проекти, ете, Бог сакал да останат за некој друг живот. Ти благодарам што имав бескрајно почитување, што чувствував дека сум посебна за тебе во музичката дејност, што од самиот почеток на мојот пат во музиката ми даде сила и поткрепа за следни чекори во кариерата. Драг и почитуван Тошка, почивај во мир, Бог нека ти ги отвори рајските порти, зошто ти беше ангел на земјата што јас успеав да го препознаам. Слава ти!“, напиша Спасовска на „Фејсбук“.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Има четири деца и двојно помлада сопруга: Жељко Бебек каков што не сте го виделе

Легендарниот југословенски музичар Жељко Бебек има исклучително интересна животна приказна. Првиот пејач на „Бијело дугме“ иако на сцената делува агресивно, всушност е многу емотивен, велат оние кои со години го познаваат. И покрај тврдењата на таблоидите дека во младоста бил склон кон пороци, Бебек во една прилика се изјасни дека […]