fbpx

Има четири деца и двојно помлада сопруга: Жељко Бебек каков што не сте го виделе

Легендарниот југословенски музичар Жељко Бебек има исклучително интересна животна приказна.

Првиот пејач на „Бијело дугме“ иако на сцената делува агресивно, всушност е многу емотивен, велат оние кои со години го познаваат.

И покрај тврдењата на таблоидите дека во младоста бил склон кон пороци, Бебек во една прилика се изјасни дека никогаш не се дрогирал, не се тепал, ниту пак се пијанчел како повеќето рок-ѕвезди.

Позади себе има два пропаднати брака. Првиот е со Споменка со која ја има ќерката Силвија, а вториот со Сандра која му ја роди ќерката Бјанка. Во 2002 година по третпат се ожени со 34 години помладата Ружица и, како што вели, се’ уште ја сака како првиот ден.

Двојката во 2003 година го доби синот Звонимир, а две години подоцна и ќерката Катарина.

На почетокот не ја откриваа врската плашејќи се да не бидат осудувани од околината. Во тој период на Жељко му било најважно ќерките да имаат разбирање за неговата нова избраничка.

Ружица освен што му е сопруга, веќе со години му е и менаџерка која му ги организира настапите.

Неодамна, во една утринска емисија, Бебек гостуваше заедно со својот син кој одлучи да тргне по стапките на татка си.

Звонимир има завршено Рок Академија, загрепско училиште за популарна и џез музика. На новиот албум на славниот татко свири на повеќето од песните, а снимија и дует.

Фото: Инстаграм/Принтскрин јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Почина како во хорор-филм: Пленеше со насмевката, па ѝ се случи нешто морничаво

Пејачката која го отпеа легендарниот хит „Ламбада“ го освои светот со својата енергија, па никој не ни помислуваше дека ќе заврши морничаво Лоалва Браз Вијеира беше бразилска пејачка, вокалистката на групата „Каома“ која стана планетарно позната по хитот „Ламбада“ на кој танцувавме на крајот на осумдесеттите. Почнала сериозно да се […]

Можеби ќе ве интересира