fbpx

Потресни зборови: Девојче во урнатините на Газа го расплака светот

Потресни зборови на десетгодишно девојче, откако нејзините врсници од соседството беа убиени

Воените напади помеѓу Израел и Хамас најтешко им паѓаат на жителите на Газа каде секојдневно гинат луѓе, најмногу Палестинци, а видео со десетгодишно девојче од ова разрушено подрачје го потресе светот.

Надин Абдел Таиф почнува да плаче на сред интервју додека ги покажува урнатините позади себе во кои страдале осум деца и две жени, нејзини соседи.

„Не знам што да правам, имам само 10 години. Не можам повеќе да се носам со ова. Би сакала да бидам доктор и да им помогнам на моите луѓе, но не можам. Јас сум само дете. Кога ќе го видам сето ова, буквално плачам секој ден. Се прашувам со што сме го заслужиле ова. Моето семејство вели дека не’ мразат (Израелците н.з.). Едноставно не не’ сакаат зошто сме муслимани. Погледнете ги сите овие деца околу мене, тие се само деца. Зошто некој би фрлил ракета на нив и би ги убил? Не е фер“, низ солзи зборува Надин.

Во меѓувреме, немирите помеѓу Израел и Хамас не стивнуваат. Напротив, се интензивираат. Израел продолжи со воздушни напади во појасот Газа, но ниту Хамас не остана должен, па лансираше ракета во насока на Тел Авив. Петти ден откако почна новиот конфликт, загинаа стотици луѓе, а Израел тврди дека на нивна територија, од правец на Газа, се фрлени повеќе од 2.000 ракети.

Последна вест е дека во воздушен напад Израел ја уништил кулата во која се сместени редакциите на телевизијата „Ал Џезира“ и на агенциите „Асошиејтед прес“ и „Франс прес“.

Светските сили повикаа на смирување на тензиите, освен турскиот претседател кој повика муслиманскиот свет да го „избрише“ Израел.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Свадба со жива музика: Од младенците ни трага, ни глас

Во Загреб синоќа беше реализирана втора симулација на венчавка со околу 130 учесници. На „пилот-свадбата“ немало зет и невеста, но се’ друго било како на вистинска церемонија, а гостите се забавувале со бенд во живо. Забавата траела до доцна во ноќта, пишуваат хрватските медиуми. За разлика од претходниот експеримент организиран […]