fbpx

Разнесувал млеко, две жени му го украле срцето: Животот на Ѓорѓе Марјановиќ

Легендарниот пејач Ѓорѓе Марјановиќ почина на 89-годишна возраст од последици на Ковид-19, информираат српските медиуми.

Бил приклучен за респиратор и лекарите неколку дена се бореле за неговиот живот.

Според многумина, Марјановиќ е најголемата ѕвезда на југословенската поп-музика. Има исклучително интересна животна приказна.

На почетокот фармацијата била неговата професионална определба. Сепак, една случајна средба со музиката засекогаш ќе му ја промени насоката на неговиот животен пат.

Во младоста не се плашел од работа и прифаќал разни ангажмани за да преживее. Разнесувал млеко и растоварал вагони. Подоцна се вработил во Радио Белград како инкасатор. Во тоа време веќе сериозно навлегува во уметничкиот свет.

А, токму во Радио Белград ја сретнал убавата службеничка Злата Ракиќ со која се венчал 1959 година. Интересно е што прво го одбила, но подоцна не можела да одолее на неговата упорност. Таа значајно влијаела на неговата кариера, призна подоцна Ѓорѓе.

Сепак, нивната врска не траела долго, а на Марјановиќ му се случила животна пресвртница на средината на шеесеттите години на минатиот век кога заминал за Русија и доживеал идентична популарност како и на овие простори. Полнел стадиони и сите барале билет повеќе да ги слушаат неговите интерпретации на француски шансони.

Во 1965 година ја среќава Ели Николајевна која подоцна ќе му роди три деца.

„Таа е жената на мојот живот, верен и грижлив животен сопатник. Се грижи за нашите деца и е столб на семејството“, изјави за неа Марјановиќ во едно интервју.

Фото: Принтскрин Јутјуб/Марко Марјановиќ Ганди

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Потресни зборови: Девојче во урнатините на Газа го расплака светот

Потресни зборови на десетгодишно девојче, откако нејзините врсници од соседството беа убиени Воените напади помеѓу Израел и Хамас најтешко им паѓаат на жителите на Газа каде секојдневно гинат луѓе, најмногу Палестинци, а видео со десетгодишно девојче од ова разрушено подрачје го потресе светот. Надин Абдел Таиф почнува да плаче на […]