fbpx

(ФОТО) Маја по подолго време застана пред камера: Преполовена е!

Многумина ќе кажат дека е еден од најмоќните вокали кај нас, гласот ѝ е во позадина на многу македонски хитови, работи во Македонската опера и балет, а веќе со години го негува и нејзиниот втор талент, а тоа е шминкањето.

Маја Саздановска-Лилчиќ (36) после подолго време се појави на ТВ-екраните и ги изненади сите.

Таа беше гостинка во последната епизода на емисијата „Живот со стил“ каде воодушеви со својата фигура. Дури ниту водителката Елена Стефановска не очекуваше дека пејачката ќе се појави во нејзиното шоу непрепознатлива.

Саздановска низ годините сними неколку свои песни, а повозрасните ја паметат и по детската хит-серија „Во светот на бајките“ каде го позајмува гласот за насловната нумера.

Пред повеќе од пет години се соочи со голема семејна трагедија кога го изгуби својот животен партнер Саша, само девет месеци по раѓањето на нивната ќерка Срна.

„Велат дека времето лечи сѐ, но не е така. Едноставно се навикнуваш да живееш со болката“, изјави таа во едно интервју.

Ј.П.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Солзи за Стефан: Пред четири дена наполни 30, а сега ненадејно почина

Поранешниот првак во пливање и истакнат судија, Стефан Андоновиќ, ненадејно почина на 30-годишна возраст, информира Здружението на пливачки судии во Србија изразувајќи сочуство до семејството на младиот спортист. „Со огромна жалост ја информираме јавноста дека ненадејно и прерано не’ напушти Стефан Андоновиќ, поранешен српски репрезентативец во пливање и истакнат пливачки […]