fbpx

Свадба со жива музика: Од младенците ни трага, ни глас

Во Загреб синоќа беше реализирана втора симулација на венчавка со околу 130 учесници.

На „пилот-свадбата“ немало зет и невеста, но се’ друго било како на вистинска церемонија, а гостите се забавувале со бенд во живо. Забавата траела до доцна во ноќта, пишуваат хрватските медиуми.

За разлика од претходниот експеримент организиран пред неколку дена, на овој настан присуствувале три групи на луѓе – вакцинирани со двете дози, тестирани со PCR тест (ден претходно) и луѓе кои се опоравиле од Ковид-19 во рок од шест месеци.

Гостите ќе бидат тестирани по една недела, а резултатите од двата проекта се очекува да ги соопшти Штабот за цивилна заштита. Сите се надеваат на поволни резултати, што ќе значи чекор поблиску до олабавување на мерките за угостителите и за неколку други индустрии.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

(ФОТО) Британец ја покажа спалната на Васил: Една работа ќе ве изненади!

Гарванлиев своите три минути пред Европа ќе ги има во вторник на првата полуфинална вечер Британецот Расел Дејвис објави интересна фотографија од спалната соба на Васил Гарванлиев во Ротердам. Освен фасцинантниот поглед кон градот кој го нуди апартманот на нашиот евровизиски претставник, уште еден впечатлив детаљ во собата е прекривката. […]