fbpx

Знае сѐ, но мора да молчи: Која е сопругата на Мика Алексиќ?

Постојано се појавуваат нови грозни сведоштва од ученици кои тврдат дека биле психички или сексуално злоставувани од познатиот српски режисер, сценарист и учител по глума Мирослав Мика Алексиќ.

Славниот наставник по глума кој се соочува со сериозни обвинувања и веќе подолго време е во притвор ги негира сите обвиненија.

Шокантен пресврт во случајот со силувања: Се огласи Мика Алексиќ

Според многумина, клучна фигура во процесот може да биде неговата сопруга на која преку ноќ животот ѝ се претвори во пекол.

Билијана Машиќ, актерка и професорка на Факултетот за драмски уметности, пред неколку месеци призна дека ѝ е исклучително тешко.

„Јас сум негова жена и некако е јасно дека нема да давам никакви изјави на оваа тема. Ќе биде тоа што треба да биде. Разберете дека не ми е добро. Некои луѓе постојано кружат околу нашиот дом. Јас не смеам ништо да зборувам. Морам да молчам“, им изјави таа на новинарите.

Според искази на неколку сведоци, Алексиќ наводно ги снимал девојките додека сексуално ги злоставувал во неговата канцеларија. Така ги уверувал дека „вежбаат кадар“ за еротски сцени и им нагласувал дека без нив не би можеле да се пробијат во филмскиот свет. Кога ќе завршел со изживувањето, Алексиќ им велел дека сега се соединети со Бога.

Актерката Милена Радуловиќ прва собра храброст јавно да раскаже дека Алексиќ ја силувал кога имала 17 години. Подоцна и нејзината колешка Ива Илинчиќ го обвини професорот за сексуално злоставување.

Во меѓувреме се огласи уште една актерка која изјави дека „блудни работи“ се случувале и во актерската школа на неговиот ментор, сега веќе покојниот актер, режисер и педагог Бата Миладиновиќ.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Те чекав денес: Водителката Деа Ѓурѓевиќ скршена од болка

Познати личности од целиот регион се постуваат од Александар Васиќ, помошник главен и одговорен уредник во информативната програма на Пинк, кој почина ненадејно на 58-годишна возраст. Неговата смрт потресе многумина, а меѓу нив и неговата колешка и блиска пријателка, водителката Деа Ѓурѓевиќ, која му посвети емотивни зборови на „Инстаграм“. Само […]