fbpx

(ФОТО) Прегратка и солзи: Гарванлиев по неуспехот на Евровизија

Македонскиот претставник Васил Гарванлиев не се пласираше во големото евровизиско финале.

И покрај моќната интерпретација и солидниот сценски настап, баладата Here I Stand која самиот ја напиша не му донесе успех на големото музичко натпреварување.

Васил сѐ уште се нема огласено по поразот, но Британецот Расел Дејвис кој е волонтерски соработник на македонската евровизиска делегација, доцна во ноќта објави две фотографии со кои ја пренесе атмосферата во нашиот тим.

Лошиот пласман на Васил вечерва дополнително ги подгреа социјалните мрежи и говорот на омраза. Македонските граѓани за миг заборавија на неговото бугарско државјанство и сега најмногу е на тапет поради неговата сексуална определба. Иако во мал број, има и такви кои му честитаа на настапот и се разочарани што нема повторно да застане на евовизискиот подиум и во сабота на 22 мај.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Беше дете со златно срце: Дојран тагува по Бранко

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, сподели тажна вест на социјалните мрежи која ги вознемири македонските граѓани. Вчера во попладневните часови тој со неверување ја примил информацијата за смртта на младиот Бранко Николиќ. „Тешко е да се прифати дека на трагичен начин згасна млад живот. Немам доволно силни зборови со кои […]