fbpx

Молитва за Ана: Мајка на две малолетни деца ладнокрвно убиена

Ана Илиќ, 34-годишна жена од Ваљево, вчера била ладнокрвно убиена пред зградата во која живее, информираат српските медиуми.

Денеска полицијата го пронашла телото и на нејзиниот поранешен партнер, 52-годишен поранешен полицаец Марко М. кој бил осомничен за злосторството. Според првичните информации тој се самоубил.

Ана била ликвидирана во раните утрински часови кога се упатувала на работното место во една позната фабрика. Во зградата пред која е убиена живеела последните пет месеци со петгодишниот син од првиот брак, додека нејзината постара ќерка, ученичка во четврто одделение, живеела со нејзиниот татко. Во моментот на трагедијата, синот на Ана спиел во станот со баба си, мајката на Ана.

Според извори блиски на истрагата, убиецот очигледно знаел кога жртвата оди на работа. Сведоци нема, освен што една сосетка пријавила дека слушнала пукање и потоа видела маж кој се одалечува од местото на злосторството, но не се сеќавала физички да го опише.

Ана и Марко наводно имале бурно љубовно минато. Таа во повеќе наврати го пријавувала за физичко насилство, а последен пат тоа го сторила во февруари годинава кога судот му изрекол и мерка „забрана за приближување“.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Хејт Васил!

Хејт Васил! Само расолница и расипано млеко пред настап за тебе, да ти текне за што ти служи газот! Хејт Северџани! Се разбудив во шест, се исплакав до осум, ја пуштив Кончита да помине низ мене! Хејт душичко, г’с мајчин! А, ако победиш колку пати ќе се рендаш? Хејт, педеру […]