fbpx

Беше дете со златно срце: Дојран тагува по Бранко

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, сподели тажна вест на социјалните мрежи која ги вознемири македонските граѓани.

Вчера во попладневните часови тој со неверување ја примил информацијата за смртта на младиот Бранко Николиќ.

„Тешко е да се прифати дека на трагичен начин згасна млад живот. Немам доволно силни зборови со кои може да се долови тагата која сите заедно ја чувствуваме во овие тешки моменти. Ја споделувам болката и сочувствувам со загубата на семејството. Нека моето сочувство ви донесе утеха и молитвите нека ја олеснат болката за оваа непроценлива загуба. Нашиот Бранко вечно ќе остане запаметен како вредно и чесно момче, човек со ведар дух, голем пријател, дете со златно срце. Неговото име ќе го споменуваме со љубов и непребол. Поради оваа голема загуба за семејството Николиќ, но и за Општина Дојран, денес и утре се прогласени за денови на жалост во нашата општина. Нека почива во мир. Вечна слава“, напиша тој на „Фејсбук“.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

(ФОТО) Не личи на себе: Ана Бекута ги шокира фановите!

Со само една фотографија направена по посета на познат српски козметички салон, Ана Бекута успеа да предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Пејачката која е позната како една од понегуваните дами на естрадата, овојпат ја разочара публиката која ѝ порача дека повеќе не личи на себе. „Имаше вонременска убавина, но […]