fbpx

Дебакл на Гарванлиев: Еве на кое место се пласиравме на Евровизија!

Доцна во ноќта по прогласувањето на евровизискиот победник, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ги објави и резултатите од гласањето во полуфиналните вечери.

Македонскиот претставник Васил Гарванлиев во вторникот во првото полуфинале се пласирал на претпоследното место со скромни 23 поени (11 од телевоутинг и 12 од жири). Послаб резултат има само Ирска со 20 поени.

Во втората полуфинална вечер, пак, помалку поени од нас добиле само Грузија (16) и Летонија (14).

Тоа значи дека од вкупно 39 земји учеснички ние се пласиравме на 35-то место. Ако ни е за утеха, Чешка со ист број на поени заврши после нас на 36-то место.

Победник на 65-то издание на „Евросонг“ е Италија. Рок-бендот „Манескин“ и претходно важеше за фаворит според обложувалниците. На второто место се пласираше Франција, а трета е Швајцарија.

Ј.П.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Семејна трагедија, уцени и грабеж: Тешкиот живот на евровизиската водителка

Освен музичките ѕвезди, најголемо внимание на ланската Евровизија во Ротердам дефинитивно предизвика холандската шминкерка и интернет-ѕвезда Ники де Џегер на која организаторите ѝ ја доверија водителската улога. Една од најпознатите јутјуберки во светот, која неодамна беше принудена да признае дека е трансродова личност, има тешка животна приказна. Позната под псевдонимот […]