fbpx

Семејна трагедија, уцени и грабеж: Тешкиот живот на евровизиската водителка

Освен музичките ѕвезди, најголемо внимание на ланската Евровизија во Ротердам дефинитивно предизвика холандската шминкерка и интернет-ѕвезда Ники де Џегер на која организаторите ѝ ја доверија водителската улога.

Една од најпознатите јутјуберки во светот, која неодамна беше принудена да признае дека е трансродова личност, има тешка животна приказна.

Позната под псевдонимот Nikkie Tutorials, таа заработува милион долари годишно само од реклами кои се прикажуваат на нејзиниот јутјуб-канал со забавни и едукативни видеа за шминкање.

По бројните уцени дека ќе биде откриена нејзината тајна, Де Џегер минатата година, со поддршка од нејзината мајка, си ја отвори душата и откри дека се родила како машко.

„Кога бев малечка, се родив во погрешно тело. Отсекогаш сум се дефинирала како жена, па дури и пред да станам славна на „јутјуб“ кога имав само 14 години“, призна таа.

Во тој период веќе почнала со хормонска терапија и целиот процес со промена на полот завршил кога наполнила 19 години.

Сепак, заканите за откривањето на нејзиниот идентитет не биле единствената траума што ја преживеала. Нејзинот помлад брат починал во 2018 година, по пет години откако му бил дијагностициран рак на лимфните жлезди. Истата година била жртва и на вооружен грабеж.

Ники беше и една од првите познати личности која застана против водителката Елен Де Џенерис кога го сподели своето искуство од гостувањето во популарното шоу на почетокот на минатата година. Таа откри дека славната комичарка не ја поздравила, но и дека дури ѝ забранила пристап до тоалетот кој бил резервиран само за гостите кои таа ги сметала за важни. Многумина тврдат дека токму Ники ја отвори пандорината кутија кога многу поранешни вработени во продукцијата почнаа отворено да зборуваат за тортурата со која се соочувале додека работеле за Де Џенерис.

По сите премрежја, Ники конечно е среќна. Исполнета е и на личен план и ужива во животот со вереникот Дилан со кого се заколна на вечна љубов во 2019 година. Токму тој ѝ помогна полесно да ја преброди долгогодишната врска со претходното момче Рик Смит.

Фото: Инстаграм/Принтскрин јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Скопјани се простуваат од Филип Матески: Твојот придонес вечно ќе сјае!

Почина Филип Матески, еден од пионерите на македонската скејтбординг заедница. На социјалните мрежи вчера и денес се споделуваат емотивни објави за човекот кој беше основоположник на видеомагазинот С.К.И.Р.О.Л., посветен на документирање на домашната скејт-сцена. Музичарот Петар Младеновски, фронтменот на „Суперхикс“, напиша дека е во шок и неверување дека неговиот Фиљо […]