fbpx

Баба Татјана има 92 години и јасна порака: Среќата е само во ова!

До осум наутро веќе беше облечена, дискретно нашминкана и уредно исчешлана. Татјана, 92-годишна старица, подготвено чекаше да ја примат во старечки дом.

Мажот неодамна ѝ почина, па сега нема друг избор. И покрај долгото седење од неколку саати, таа трпеливо чекаше да ѝ соопштат дека собата ѝ е наместена.

На патот кон лифтот, медицинската сестра ѝ објасни дека станува збор за мала соба со завеси кои личат на прозорци, а таа само кимна со главата одговарајќи дека сигурно ќе ѝ се допаднат.

Сестрата уплашена од нејзината претерана реакција и можното разочарување подоцна, ѝ порача да почека прво да ги види.

„Не е важно. Среќа е тоа што однапред ќе го одлучите. Како мојата нова соба изгледа не зависи од распоредот и од изборот на мебелот, туку од начинот на кој мојот мозок функционира. Таа одлука ја носам секое утро штом се разбудам. Имам избор – да го поминам целиот ден во кревет размислувајќи за своите болести или да почувствувам радост и благодарност. Секој ден го доживувам како подарок и се’ додека сум жива ќе мислам само на убавите спомени“, ѝ одговорила оваа бабичка.

Татјана ѝ откри и кои кои се најважните правила на среќните луѓе. Да се исчисти срцето од злоба, да се исчисти мозокот од грижи, да се живее што е можно поедноставно, да се дава што е можно повеќе и да не се очекува премногу.

Фото: Шатерсток

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Брчките на овој дел од лицето се сигнал за сериозен здравствен проблем!

Француски научници од Универзитетскиот медицински центар во Тулуз тврдат дека борите на горниот дел од лицето, а најмногу оние на челото, можат да бидат добро предупредување за потенцијални проблеми со срцето и со крвните садови. Нивното истражување покажало дека на основа на изгледот може многу да се дознае за здравјето […]