fbpx

Брчките на овој дел од лицето се сигнал за сериозен здравствен проблем!

Француски научници од Универзитетскиот медицински центар во Тулуз тврдат дека борите на горниот дел од лицето, а најмногу оние на челото, можат да бидат добро предупредување за потенцијални проблеми со срцето и со крвните садови.

Нивното истражување покажало дека на основа на изгледот може многу да се дознае за здравјето на личноста.

– Ги проучувавме брчките на челото, бидејќи истите се едноставни и многу воочливи – вели Јоланда Есквирол, авторка на студијата.

Таа истакнува дека челото со бори може да има врска со намалувањето на еластичноста на артериите поради наталожување на наслаги во нивните ѕидови.

– Крвните садови на челото се многу мали, па истите се чувствителни на собирање, што значи дека тоа би можело да биде првичен знак за прерано стареење и за проблеми со крвните садови и со срцето – појаснува таа.

Истражувањето траело цели две децении, а во истото учествувале 3.200 возрасни здрави личности кои имале 32, 42, 52 и 62 години кога истото било отпочнато.

Следни Објави

Најскапа во Лос Анџелес: Ѕирнете во палатата на Џеф Безос!

Американскиот милијардер Џеф Безос пред една година купи огромна вила за 165 милиони долари во Беверли Хилс, Лос Анџелес. Основачот и директор на компанијата „Амазон“ стана сопственик на вилата што во 1937 година е изградена специјално за Џек Ворнер, еден од основачите на филмското студио „Ворнер брос“. Според магазинот „Форбс“ […]