fbpx

Нова трагедија: Почина познатиот музичар, Хари Мата Хари неутешен

Нова тажна вест ја потресе естрадата во регионот. На 44-годишна возраст по долго боледување почина познатиот музичар Нихад Кречо.

Во својата кариера соработуваше со бројни пејачки ѕвезди, а најмногу со популарниот Хари Мата Хари.

„Никогаш не сум соработувал со поквалитетен академски музичар. Повторно се уверив дека Бог ги зема само најдобрите. Засекогаш ќе бидеш во моето срце“, напиша славниот Хари Варешановиќ на „Инстаграм“.

Нихад заврши Музичка академија во Сараево. Специјализира на Кралската академија во Стокхолм, во класата на професорот Стефан Линдгрен. Постдипломси студии заврши 2006 година во класата на Неда Станковиќ и Борис Краљевиќ.

Се’ до својата смрт предаваше клавир на Музичката академија во Сараево како вонреден професор. Позади себе има бројни настапи во родната Босна и Херцеговина, но и на повеќе интернационални фестивали.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Почина од корона на 29 години: Шок по смртта на преубавата актерка

Младата и талентирана бугарска актерка Лорина Камбурова почина во Русија, а тажната вест ја потврди нејзиното семејство. Преубавата уметница имаше само 29 години, а причината за смртта е компликации од Ковид-19. „Лорина е примена во болница каде ѝ е дијагностицирано масивно воспаление на белите дробови. Лошите вести беа соопштени утрово“, […]