fbpx

Цел живот сме грешеле: Вака се прави салата од зелка!

Салатата од зелка е омилена бидејќи е едноставна, евтина и неверојатно освежува како прилог со разни јадења од месо.

Иако има само неколку состојки, можно е да сте од оние кои цел живот погрешно ја приготвувале и сервирале.

Кога ќе ја исечете зелката, таа пушта малку вода која природно ја содржи. Многу домаќинки ја ставаат во чинија, посолуваат, додаваат масло и оцет, но така ја прават најголемата грешка!

Зелката треба прво да ја посолите и да ѝ наросите малку шеќер, да ја истискате со раце и да ја оставите да отстои во сад неколку минути. Вишокот вода потоа треба да се исцеди, па дури тогаш да ја префрлите во чинија за послужување.

Сега се става масло и оцет, се промешува и дури тогаш се посолува уште еднаш, за солта рамномерно да го обложи зеленчукот.

Фото: Кујната на Дивна

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Пластичен хирург посвоил ќерки, па на нив се учел да оперира: Помалата имала само 10 години кога првпат ја легнал под нож

Пластичниот хирург Мајкл Никол посвоил две ќерки кои подоцна му станале редовни клиентки. Она што ја вознемири јавноста е признанието дека помалата имала само 10 години која првпат ја легнал под нож, откако наводно му се пожалила дека не ѝ се допаѓа папокот. Бритни сега е полнолетна и, како што […]