fbpx

Ангел мој: Сара се прости од трагично загинатиот Никола

Не стивнуваат реакциите по трагичната вест која утрово ја потресе домашната јавност. Од водите на Охридското езеро денеска беше извадено безживотното тело на ракометниот голман на РК Охрид и на македонската репрезентација, Никола Даниловски.

Се самоубила пред роденденот: Нејзините последни зборови ќе ви го скршат срцето

Загубата е огромна и не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат големата болка, напишаа од неговиот матичен клуб за Даниловски.

„Со тешко срце упатувам последен поздрав до мојот млад колега, ракометар со голема трага зад себе, бедем пред голот, кој не’ напушти прерано. Во неговите само 24 години, Никола направи многу и за спортот, но и за многу млади луѓе на кои им беше пример. Поттикнати од неговите успеси и љубов кон ракометот, младите бираа спорт. Беше вистинска карпа пред голот“, напиша, меѓу другото, поранешниот македонски ракометен репрезентативец и актуелен директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

Заедничка фотографија со Никола кој ги бранеше боите на Македонија и на Светското првенство во ракомет во Франција, на „Инстаграм“ сподели и македонската интернационалка Сара Митова.

„Ангел мој“, напиша таа.

Последен поздрав е објавен и на официјалниот сајт на РК Металург.

„Ракометното срце денес е скршено. Клубовите се завиени во црно, по трагичната вест која дојде од Охрид. Македонија тагува за загубата на младиот Никола Даниловски Џамбо, чиј живот заврши трагично и прерано. Како производ на школата на Металург, Даниловски овде го мина најголемиот дел од својата ракометна кариера и настапи во сите старосни категории во нашиот клуб, чии бои последен пат ги бранеше во 2019 година. Во Автокоманда ќе живееш вечно! Сочувство до семејството, нашите мисли денес се со Вас“, стои во соопштението.

Фото: РК Металург/Инстаграм Митова10/Фејсбук Наумче Мојсовски

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Беше калуѓерка, но ова никој не го очекуваше: Марија го вознемири жирито на „Гранд“

Во синоќешното издание на српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, нашата Марија Груевска настапи во уште еден впечатлив аутфит, но и со змија околу половината. Македонската натпреварувачка која минатата епизода излезе на сцена како калуѓерка, а потоа се соблече и заводливо танцуваше, овојпат отиде чекор понапред. На оние што ја […]