fbpx

Беше калуѓерка, но ова никој не го очекуваше: Марија го вознемири жирито на „Гранд“

Во синоќешното издание на српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, нашата Марија Груевска настапи во уште еден впечатлив аутфит, но и со змија околу половината.

Македонската натпреварувачка која минатата епизода излезе на сцена како калуѓерка, а потоа се соблече и заводливо танцуваше, овојпат отиде чекор понапред.

На оние што ја следат им приреди вистинско изненадување, а членовите на жирито беа фрапирани од тоа што го гледаат на подиумот.

Ана Бекута и Вики Миљковиќ останаа со подотворена уста и воопшто не се чувствуваа пријатно.

„Човеку, навистина треба храброст за вакво нешто“, се согласија сите.

Марија го отпеа хитот на Тијана Дапчевиќ, нумерата „Негатив“.

Груевска е млада и талентирана битолчанка која веќе подолго време се обидува да направи посериозен пробив на естрадата. Студира Музичка академија и неодамна откри дека има уште само два испита до дипломирањето.

„Музиката е нешто кое не се меша со омраза. Како маслото со водата. Некој можеби од незнаење ќе се обиде да ја обезвредни, ама таквиот не ја обезвреднува музиката, туку себе си. Музиката е израз на чувства, запазувања и визија. Немаме сите исти чувства. Сакам сѐ што е популарно, таков смер и изучувам. Музиката и омразата не одат заедно“, раскажа таа во едно интервју.

Фото: Гранд продукција/Принтскрин јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Ги кријат како змијата нозете: Кои се сопругите на Бајага, Чолиќ и Џибони?

Вистински дами Освен што се мегапопуларни во сите поранешни ју-републики, овие исклучителни музичари имаат уште една заедничка работа – ретко зборуваат за приватниот живот и вешто ги кријат сопругите. Момчило Бајагиќ-Бајага со сопругата се запознале сосема случајно во автобус. Плод на нивната љубов се ќерката Ангела и синот Марко. Докажаниот […]