fbpx

Ги кријат како змијата нозете: Кои се сопругите на Бајага, Чолиќ и Џибони?

Вистински дами

Освен што се мегапопуларни во сите поранешни ју-републики, овие исклучителни музичари имаат уште една заедничка работа – ретко зборуваат за приватниот живот и вешто ги кријат сопругите.

Момчило Бајагиќ-Бајага со сопругата се запознале сосема случајно во автобус. Плод на нивната љубов се ќерката Ангела и синот Марко.

Докажаниот кантавтор речиси никогаш не зборува за Емилија со која е во брак цели 37 години.

Здравко Чолиќ со сопругата Александра, инаку професорка по географија, е во брак од 2001 година. Тој речиси две децении успешно ја крие својата животна партнерка со која има две ќерки, Уна и Лара.

Се запознале во Макарска. „Ме освои со својата едноставност и приврзаност. Ми се посвети, мисли на мене, се грижи со мене“,  раскажа Чола во едно интервју.  

Златан Стипшиќ-Џибони во една прилика откри дека на почетокот на кариерата не заработувал доволно пари, па го прехранувала неговата сопруга Сања, која во тоа време имала доста платена работа.

Се познаваат од детство, во брак се повеќе од 20 години и се родители на ќерката Тања и на синовите Лоренцо и Рандо.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Драган го покажа семејството: Сите ја коментираат сопругата Маја

Познатиот актер од „Подобар живот“ и режисер на филмот за Тома Здравковиќ има со што да се гордее Драган Бјелогрлиќ е еден од најуспешните српски актери и режисери, но и семеен човек кој навистина има со што да се гордее. На „Инстаграм“ се појави фотографија на која славниот Боба од […]