fbpx

Марија ги предупредува родителите: Ја изгубив ќерка ми поради ова!

Саманта Џенкинс од Велс имала 19 години кога починала во 2011 година. Почнала да се чувствува исклучително лошо на само три дена пред да умре.

Наскоро ќе се наврши една деценија од смртта на несреќната тинејџерка, а нејзината мајка Марија Морган за „Велс Онлајн“ раскажува дека на кобниот ден се сеќава како да се случил вчера и дека оттогаш не се опоравила.

Се присетува како нејзината ќерка се пожалила дека не се чувствува добро и на почетокот мислеле дека тоа е поради дехидрираност, бидејќи претходниот ден била премногу на сонце.

„Во еден момент слушнавме тап удар, кога јас и мојата друга ќерка се стрчавме кон нејзината соба и ја затекнавме на подот. Имаше некој чуден напад и веднаш повикавме брза помош која ја пренесе во болница“, ја започнува својата исповед г-ѓа Морган.

Лекарите ја ставиле во индуцирана кома откако не можеле да ѝ ги смират грчевите, а дури ниту лековите не помогнале.

Состојбата на Саманта не се подобрувала, а три дена подоцна од невролошкото одделение ѝ соопштиле на Марија дека нејзината ќерка починала.

„Си го донесов чедото во болница во петок, а во понеделник излегов од клиниката само со нејзините наочари. Беше ужасно, не можам да ви опишам. Подоцна, токсиколошките наоди покажаа дека немала никакви недозволени супстанци во телото. Не помина многу време кога другата ќерка ми спомна дека Саманта била голем фан на гуми за џвакање, па ова веднаш им го пренесов на патолозите, по што се фокусираа на ова сознание“, вели Марија.

По деталното расчистување на собата на Саманта, нејзината мајка открила дека таа редовно џвакала мастики и дека дневно купувала најмалку по едно пакетче.

„На интернет истражував што би можело да се случи доколку се претера, па сфатив дека во гумите за џвакање се наоѓаат штетни супстанци како аспартам и сорбитол. Со претерано консумирање ризикувате нивото на соли во организмот драстично да ви опадне, а исто така може да резултира со синдром на иритабилно црево“, истакнува Марија која е уверена дека наглото вложување на здравјето на нејзината ќерка е последица токму на ова.

Нѐ претставуваше на Евровизија, денес е социјален случај: Еве како изгледа!

Таа апелира до сите родители да обрнат внимание на децата додека се уште мали и да ги одвикнуваат од гуми за џвакање.

„Не можам со сигурност да тврдам дека тоа ја уби мојата ќерка, но постои можност сериозно да влијаеле на нејзиниот имунитет што резултирало со компликации, а потоа и со смрт“, заклучува таа.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Трагедија: Големиот хит на Чолиќ ја крие мрачната судбина на Милица

Вистинска и многу трагична животна приказна се крие позади големиот хит на Здравко Чолиќ од седумдесеттите, песната „Она спава“. Легендарниот пејач овој рефрен го отпеа во спомен на младата Милица Костиќ од Крушевац која почина 1974 година, а чија смрт го потресе целиот регион и предизвика низа контроверзии. Ниту денеска […]