fbpx

Трагедија: Големиот хит на Чолиќ ја крие мрачната судбина на Милица

Вистинска и многу трагична животна приказна се крие позади големиот хит на Здравко Чолиќ од седумдесеттите, песната „Она спава“.

Легендарниот пејач овој рефрен го отпеа во спомен на младата Милица Костиќ од Крушевац која почина 1974 година, а чија смрт го потресе целиот регион и предизвика низа контроверзии. Ниту денеска нејзината потресна судбина никого не остава рамнодушен.

Според официјалниот полициски извештај, Милица почина по пад од 11-от кат од кулата во центарот на Крушевац, бегајќи да не биде силувана. Се’ уште млада и наивна, оваа тинејџерка од Медицинското училиште прифатила да се качи во станот на еден маж за да, наводно, ја повика неговата девојка. Но, таму ја дочекале повеќе мажи со намера да ја силуваат. Во солзи ги молела да ја пуштат и одбивала да се соблече, но откако сфатила дека злоставувачите се сериозни во намерата, одлучила да ризикува и да се обиде да побегне на единствениот начин кој ѝ бил достапен.

Кога останала сама во собата во која била заробена, решила да си ги скрати маките скокајќи од прозорецот, иако станот бил на 11-от кат. И покрај тешките повреди, Милица не починала веднаш, туку два дена подоцна во болница.

Непосредно пред нејзината смрт, инспекторот Стефановиќ успеал да добие изјава од Милица и да дознае што навистина се случило.

„Ми кажа дека неговата девојка има строги родители и дека треба само да ѝ се јавам. Бевме на 11-от кат. Не можев повеќе да издржам. Само на овој начин можев да си го сочувам достоинството“, одговорила на прашањето зошто скокнала од кулата.

По овие зборови, паднала во длабока кома од која повеќе не се разбудила.

Крвна одмазда му го промени животот: Милан за болното минато

Овој случај го шокираше целиот регион, а резултираше дури и со протести во Крушевац.

Текстот за песната „Она спава“ го напиша поетот Велизар Шофранац, а музиката е дело на Корнелије Ковач. Поврзаноста на овој хит со трагедијата никогаш не беше официјално потврдена, но факт е дека со оваа нумера Здравко Чолиќ победи на „Хит парада“ само два и пол месеци по смртта на Милица.

Фото: Архива/РАС Србија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Драган го покажа семејството: Сите ја коментираат сопругата Маја

Драган Бјелогрлиќ е еден од најуспешните српски актери и режисери, но и семеен човек кој навистина има со што да се гордее. На „Инстаграм“ се појави фотографија на која славниот Боба од култната серија „Подобар живот“ е во друштво на сопругата Маја и синот Алексеј кој тргна по стапките на […]