fbpx

Наместо помал нос, изгорено лице: Вознемирувачки слики со пациентите на Олгица!

Олгица Маркановиќ (31), сопственичка на „медицинско-естетски центар“ во Белград и на салон за убавина во Бања Лука, е уапсена под сомнение дека извршила кривично дело неовластено занимање со одредена дејност, за тешки дела против здравјето на луѓето и за надрилекарство, соопшто српското министерство за внатрешни работи.

Олгица, наводно, од април лани до 15. март годинава, во нерегистрирано студио давала медицински и естетски усулги на пациенти за паричен надомест, без соодветна стручна обука и без соодветна дозвола за самостоен бизнис.

„Криејќи дека нема лиценца за давање на медицински услуги и за изведување на медицински зафати, се сомневаме дека О.М. препишувала лекови и на своите клиенти сериозно им го нарушила здравјето“, соопшти полицијата.

Во март годинава, група жени и мажи се огласија во медиумите тврдејќи дека се унаказени во салонот на Маркановиќ и ѝ поднесоа тужби.

Како што раскажа еден од оштетените, Олгица му се претставувала како Мис Босна и како претседател на асоцијација за естетика во Босна. Од друга страна, пак, на неговата девојка се претставувала како лекар.

Тој призна дека се предомислил за една интервенција што сакал да ја направи, откако негова пријателка се пожалила дека по третманот кај Олгица се здобила со тешки изгореници, имала силни болки и ѝ останале пликови на лицето.

Претходно, уште една жртва раскажа дека во истиот салон отишла за да го намали носот и да ги подигне веѓите, а звршила со изгорено лице.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Неверување и шок: Почина Марко Божиновски

Пет дена по смртта на ракометниот голман на РК Охрид и на македонската репрезентација, Никола Даниловски, нова трагедија се случи во домашниот спорт. Ненадејно почина младиот ракометар Марко Божиновски (20), лево крило на Бутел. Според првичните неофицијални информации, младиот спортист починал во сон од срцев удар. Смртта настапила само неколку часа […]