fbpx

Пред само десет месеци станала мајка: Која е жената што спаси три животи?

Состојбата на пациентката на која ѝ беше трансплантирано срце од мртов донор е стабилна и сите параметри се добри, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Во неделата беше извршена третата трансплантација на срце кај нас, операцијата траеше пет часа, а донираното срце беше трансплантирано кај 39-годишна пациентка.

Филипче сега го откри и идентитетот на жената донор на срце и на бубрези која спаси три човечки животи. Станува збор за 40-годишната Јасмина.

„Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи. Јасмина беше мајка на десетмесечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест, никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне“, напиша Филипче на „Фејсбук“.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Понижување: Оваа бремена жена сега има само една порака!

Меган Флојд, 22-годишна работничка од Шефилд, одлучи да ја тужи Никол Трули, шефицата на салонот во кој работела, поради тоа што нејзината претпоставена ѝ дала отказ преку порака, а притоа ѝ останала должна 55 отсто од последната плата. Меган била вработена од август 2019 до февруари 2020 година, а кога […]