fbpx

Утре е голем и тежок ден: Само еден извор е лек за душата и телото

Православните христијани утре, 3 јуни, го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена.

Царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена, за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите.

Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот владетел на големата Римска империја што ја признал оваа вера.

Марко Цепенков забележал дека во Прилеп Св. Константин и Елена биле покровители на базриѓанскиот (трговскиот) еснаф. Нивниот празник кој го викале „Свети цареи“ го празнувале на 21 мај (стар стил).

СЕ ВИКАМ ЕЛЕНА: ОТКРИЈТЕ ГО ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЕТО ИМЕ!

Под манастирот Свети Наум Охридски – Чудотворец, до самото езеро, има извор со лековита вода. Според верувањето оваа вода секогаш ги рехабилитира душата и телото, но најмногу на празникот Св. Константин и Елена.

Според едно предание, Свети Наум му рекол на таткото на една ќелава девојка да појди на денот Свети Константин и Елена под карпата каде што течела вода и да ја измие девојката. Така направил и таа веднаш оздравела, ѝ пораснала убава и густа коса.

„Оттогаш на празникот на Свети Елена и Константин редовно идат луѓе да се мијат со водата од изворчето под карпите на манастирот Свети Наум. Таа вода е лекојта и друг пат, ама на празникот најмногу“, заклучува народниот раскажувач.

Следни Објави

Татјана е родена болна, мајка ѝ ја дала во дом: 20 години подоцна се случи чудо

Уште кога првпат ќе ги отворат очите, немаат сите луѓе еднакви можности. Некој се раѓа здрав и богат и пак не знае да го искористи својот потенцијал, а некој доаѓа на овој свет со големи проблеми, но со снаодливост, памет и сила на крајот се издигнува како поголем од многумина. […]