fbpx

Јован се бори за живот: Младиот виолинист тешко повреден во сообраќајка

Младиот виолинист Јован Васиќ (15) се бори за живот по страшна сообраќајна несреќа која се случила утринава, а во која се здобил со тешки телесни повреди.

Од јачината на ударот, момчето излетало од прозорецот на автомобилот и, според зборовите на очевидци, излетал околу 20 метра на патот.

Како што пишуваат српските медиуми, талентираниот музичар патувал на натпревар во Хрватска, кога се случил сударот.

Повреден е и неговиот татко кој го придружувал, а неофицијалните информации се дека во прашање е сериозна повреда на кичмата.

На Клиничкиот центар во Србија лекарите даваат максимални напори да го спасат овој млад живот и се надеваат дека иако е во животна опасност, Јован со оглед на годините ќе се избори со овие најтешки моменти за него.

Васиќ е еден од најдобрите млади виолинисти во регионот со бројни признанија на кој му предвидуваа блескава интернационална кариера.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Шокантно откритие: Беливук бил монструм од дете

Се’ уште најозборуван криминалец на овие простори е притворениот 36-годишен Вељко Беливук, познат како Веља Невоља, обвинет за повеќе тешки дела. Тој и неговите соработници се осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и […]