fbpx

Почина девојче (3) заклучено во автомобил: Причината ќе ве шокира!

Тригодишно девојче почина откако мајка ѝ ја оставила речиси три часа сама во семејниот автомобил, додека надвор температурата била 37 степени.

Малата Џесика Кампос е пронајдена без знаци на живот на паркинг во градот Висалија, во Калифорнија.

Полицијата била веднаш алармирана од страна на соседите кога приметиле дека на исклучително топлото време дете е заклучено само во автомобил, но веќе било предоцна.

На лице место пристигнале итната помош и противпожарната единица. По неуспешните обиди за реанимација, девојчето било префрлено во болница каде го прогласиле за мртво.

Она што дополнително ја шокира јавноста е причината поради која 28-годишната мајка Моника Домингез си го оставила чедото во автомобилот.

Таа е осомничена за убиство од небрежност, откако им признала на надлежните дека на кратко ја оставила ќерка си сама за да го наводни канабисот кој го одгледувала на фармата лоцирана недалеку од местото на злосторството.

На плантажата полицијата пронашла повеќе од 150 стебла, како и вреќи со околу 200 килограми марихуана подготвена за понатамошен транспорт.

На местото се затекнати четири личности кои веднаш се лишени од слобода под сомнение дека се занимаваат со производство и продажба на опојни дроги.

„Освен дрога, во куќата затекнавме и четири деца. Две бебиња од по девет месеци и уште двајца малолетници на возраст од 11 и од 15 години. Сите се предадени во Центарот за социјална работа“, информираше полицијата.

Фото: Фејсбук/Висалија Полис дипартмент

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Јован се бори за живот: Младиот виолинист тешко повреден во сообраќајка

Младиот виолинист Јован Васиќ (15) се бори за живот по страшна сообраќајна несреќа која се случила утринава, а во која се здобил со тешки телесни повреди. Од јачината на ударот, момчето излетало од прозорецот на автомобилот и, според зборовите на очевидци, излетал околу 20 метра на патот. Како што пишуваат […]