fbpx

Јелена Розга повторно вљубена: Кој е седум години помладиот Иван?

Јелена Розга е повторно вљубена.

Блиски пријатели на популарната пејачка велат дека таа е неверојатно среќна откако во март годинава почнала да се забавува со седум години помладо момче.

Нејзиниот нов избраник е популарна личност и има свое телевизиско шоу. Срцето на поранешната вокалистка на групата „Магазин“ овојпат го украде Иван Пажанин, реномиран готвач во Хрватска.

Иван по потекло е од Сплит, а неговите специјалитети досега имале можност да ги дегустираат славниот тенисер Новак Ѓоковиќ, холивудскиот актер Џон Малкович, но и шампиони во Формула 1 и членови на кралски семејства.

„Розга е пресреќна со него. Уживаат заедно, но не сакаат јавно да се експонираат“, велат луѓе од нивното опкружување.

Хрватската поп-ѕвезда претходно две и пол години се забавуваше со музичарот Стјепан Хаусер од светски познатото дуо „Ту челос“. Беа дури и верени, па многумина им предвидуваа брак и деца, но тоа не се случи.

Медиумите пишуваа дека причината за нивното разидување е 12 години помладо момче од Белград, но таа врска Јелена никогаш не ја потврди.

Фото: Принтскрин Јутјуб/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Дури си одбра и фустан за погребот: Шенон Доерти со важна порака!

Поранешната ѕвезда од хит-серијата „Беверли хилс“, Шенон Доерти, минатата година откри дека повторно ѝ се вратил ракот на дојка и тоа во уште посилен, четврт стадиум. Светските медиуми информираа како легендарната Бренда се помирила со фактот дека овојпат нема да успее да ја победи болеста и дека се подготвува за […]