fbpx

Нов потег на кралското семејство: Меган и Хари повторно понижени

Принцот Хари и Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, веќе два дена се топ-тема во светските медиуми откако поранешната актерка го донесе на свет нивното второ дете, ќерката Лилибет Дијана Маунтбатен Виндзор.

Кралското семејство упати честитки за проширувањето на семејството, но се чини дека истовремено им зададе и нов удар на Хари и Меган.

Имено, нивните имиња на официјалната интернет-страница на кралското семејство кои досега беа веднаш до принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, сега ги спушти под останатите деца на кралицата Елизабета и членовите на нивните семејства.

Преживеа неверства и секс скандали: Сите тајни на кралицата Елизабета

Ова следува по низата контроверзни случувања во монархијата. Прво, преселувањето на Меган и Хари во САД, а подоцна и шокантното интервју кај Опра Винфри и обвинувањата за расизам.

Сепак, извори блиски до кралското семејство за „ЈУ ЕС Викли“ велат дека Елизабета Втора е се’ уште многу слаба на внукот, па засега не планира да ги исклучи од поголемите семејни случувања.

Фото: Профимедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Да се наежиш: Трагична приказна крие хитот на „Прљаво казалиште“

Не постои човек од поранешните ју-простори кој не слушнал за песната „Ту ноч кад си се удавала“. Хитот на легендарниот бенд „Прљаво казалиште“ и денеска се врти по радиостаниците, но малкумина знаат дека оваа песна е напишана според вистински настан. Основачот, гитарист и пејач на хрватскиот рок и панк состав, […]