fbpx

По три месеци конечно одлучила да се вакцинира: Се шокирала на лице место!

Американката Кели Хенен (26) од Конектикат не ни насетувала дека одењето на вакцинација ќе ѝ го промени животот.

Оваа девојка немала одреден став кон имунизацијата, но пријателите ја увериле дека за нејзино добро мора да се „боцне“, јавува „Конектикат пост“.

Поминале три месеци додека да се одлучи. Кога замимнала во локалната болница тешко можела да претпостави дека ќе се вљуби до тој степен што сега планира да застане пред олтар.

„Момчето стоеше пред мене и постојано се вртеше чекајќи го својот ред за вакцина. Почнавме спонтан разговор и открив дека имаме многу заеднички моменти. Сепак, носеше маска, па не можев убаво да проценам дали и физички ми одговара. Кога завршивме со она за коешто бевме дојдени, излеговме на прошетка. Не можев да го сокријам задоволството кога ги извадивме маските. Уште кога Џош ме праша дали ми одговара да се видиме следната вечер, бев пресреќна“, раскажува Кели.

По една недела запознавање следувал првиот бакнеж, а пред еден месец почнале и заедно да живеат.

„Многу работи ми се случија во само една година. Тоа одење на вакцинација и понатаму ми изгледа како сон. За неколку недели ќе се венчаме, го одбрав и совршениот фустан“, открива таа.

Фото: Принтскрин/Конектикат Сан

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Нов потег на кралското семејство: Меган и Хари повторно понижени

Принцот Хари и Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, веќе два дена се топ-тема во светските медиуми откако поранешната актерка го донесе на свет нивното второ дете, ќерката Лилибет Дијана Маунтбатен Виндзор. Кралското семејство упати честитки за проширувањето на семејството, но се чини дека истовремено им зададе и нов удар на […]