fbpx

Дури си одбра и фустан за погребот: Шенон Доерти со важна порака!

Поранешната ѕвезда од хит-серијата „Беверли хилс“, Шенон Доерти, минатата година откри дека повторно ѝ се вратил ракот на дојка и тоа во уште посилен, четврт стадиум.

Светските медиуми информираа како легендарната Бренда се помирила со фактот дека овојпат нема да успее да ја победи болеста и дека се подготвува за сопствената смрт. Таа дури тврдеше дека си одбрала и фустан за своето вечно почивалиште.

Американската актерка која годинава го прослави јубилејниот 50-ти роденден, веќе шест години лавовски се бори за живот.

Таа е активна на социјалните мрежи и најчесто со фановите ги споделува лекциите кои ги научила кога од она најстрашното треба да се извлече нешто позитивно.

„Гледајќи филмови вечерва, забележав дека постојат малку женски ликови со кои би можела да се поврзам. Знаете, жените без филери, ботокси, без лифтинг на лицето кои умеат да се прифатат какви што се како да ги нема повеќе. Многу работи преживеав. Да, рак, но и многу повеќе од тоа. И најважната лекција што ја научив е да се прифатам каква што сум. Сакам да видам жени како мене, жени како нас“, напиша таа.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Струмичани во шок: Уште еден живот прерано згасна

Пријатели, колеги, ученици и клиенти со неверување ја примија веста за смртта на Здравко Јовановски кој по кратко боледување почина денес, информира „Струмица денес“. Јовановски долги години бил соработник на овој портал, а во својот град е познат и како успешен тренер и наставник по физичко образование. „Беше ведар и […]