fbpx

Починатите ги сонуваме со причина: Еве што сакаат да нѐ предупредат!

Многумина кои изгубиле блиски личности велат дека токму средбата со починатите на сон им помогнала успешно да го поминат процесот на тагување и да продолжат со животот.

Иако повеќе не се меѓу нас, саканите луѓе кои починале никогаш не нѐ напуштаат. Многу луѓе раскажуваат како им доаѓаат на сон кој знае да биде многу реален и живописен.

„Мајка ми и татко ми починаа пред повеќе од десет години. Во една година ги загубив и двајцата. После шест месеци од секоја смрт имав многу реални соништа, такви кога чувствата се многу поинакви“, вели д-р Патрик МекНамар.

Таквоите соништа често имаат ист концепт. Покојните се појавуваат како и во животот, но некако се помлади и поздрави. Пренесуваат охрабрувачки пораки од типот „Во ред е сѐ, секогаш сум овде за тебе“. Ваквите пораки почесто пристигнуваат телепатски или психички, отколку со изговорени зборови.

Соновите со покојните се повеќе нормални, отколку бизарни, поинтензивни се, добро ги паметиме и може навистина да нѐ променат. По таквите соништа, често дебатираме за тоа што е вистинско, а што погрешно, духовно се преиспитуваме..

Постојат повеќе причини зошто покојните ни се појавуваат на сон. Бараат прошка или ни решаваат некој проблем кој долго сме го игнорирале. Ни нудат насоки, нивна заштита или сакаат за нешто да нѐ предупредат. Сакаат да влијаат на оние кои тагуваат по нив, но и едноставно сакаат да им покажат на саканите дека постои живот и по смртта.

Фото: Шатерсток/МистикКјуриес

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Тажен ден во домот на Драгана Мирковиќ: Нека почива во мир!

Тажна вест денеска го разбуди семејството на популарната пејачка Драгана Мирковиќ. Како што ексклузивно дознава порталот „Свет-Скандал“, почина нејзниот свекор. Од познатиот милионер, меѓу првите на социјалните мрежи, се прости неговиот син Тони Бјелиќ, а потоа и многу нивни семејни пријатели. Сопругот на Драгана беше многу поврзан со својот татко […]