fbpx

Струмичани во шок: Уште еден живот прерано згасна

Пријатели, колеги, ученици и клиенти со неверување ја примија веста за смртта на Здравко Јовановски кој по кратко боледување почина денес, информира „Струмица денес“.

Јовановски долги години бил соработник на овој портал, а во својот град е познат и како успешен тренер и наставник по физичко образование.

„Беше ведар и вечно насмеен човек, низ животот се движеше со мотото дека живее да ги направи другите среќни и задоволни со себе. Здравко беше движечка харизма, пријател со секого, секому му ја поддаваше својата рака. Активно се залагаше за промоција на здравиот начин на живот кај младите и така успеа да промени многу животи. Затоа луѓето неизмерно го сакаат и почитуваат“, велат неговите соработници.

Јовановски беше сопруг и татко на две деца.

Следни Објави

(ФОТО) Кога човек навистина си ја сака жената

На социјалните мрежи се појави фотографија која навистина ги расположи сите и која ни ја врати вербата дека се’ уште постои вистинска љубов. Станува збор за постар господин кој ги почитува епидемиолошките мерки во автобусот кој сообраќа на линијата 89. Мажот носи маска на која е испринтана фотографија на која […]