fbpx

Утре е Спасовден: Зошто е најсреќниот ден и што не смеете да правите?

Утре верниците го прославуваат празникот Вознесение Христово, Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток.

За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта сѐ уште се почитуваат.

За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко.

Се верува дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат.

На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не бидете мамурни преку целата година.

Крстот е составен дел од ритуалот на Спасовден. Луѓето во некои делови сè уште веруваат дека на денот на Спасителот, секој мора да направи крст од гранчиња на лешници кој потоа се поставува на ливади, полиња или на покривите од домовите.

На овој ден е обичај да си замислите драга личност, да искинете ливчиња од цвеќе и полека да повторувате: „Ме сака – не ме сака“. Последното ливче што ќе остане, го крие одговорот на прашањето.

Следни Објави

(ФОТО) Кога човек навистина си ја сака жената

На социјалните мрежи се појави фотографија која навистина ги расположи сите и која ни ја врати вербата дека се’ уште постои вистинска љубов. Станува збор за постар господин кој ги почитува епидемиолошките мерки во автобусот кој сообраќа на линијата 89. Мажот носи маска на која е испринтана фотографија на која […]