fbpx

Испи грст таблети, повеќе не се разбуди: Смртта на пејачката која го потресе регионот

Смртта на Глорија Сангер, поранешна пејачка на белградската група „Флејм“, се’ уште е тема во регионалните медиуми.

Трагедијата се случи во ноември 2016 година на Флорида каде таа со години живееше.

„Испи грст таблети и повеќе не се разбуди. Во официјалниот извештај стои дека имала психички проблеми и дека затоа се самоубила. Најверојатно страдаше од депресија со која не успеа да се избори. Нејзиното семејство не откри кога и каде е погребана“, изјави во една прилика нејзин близок пријател.

Немилиот настан се случи истиот ден кога на своите следбеници на социјалните мрежи им откри дека е во емотивна врска со српскиот шампион во фитнес Бранко Теодоровиќ.

Глорија имаше обид за самоубиство и точно десет години пред да почине, кога во 2006 година се закануваше дека ќе скокне од прозорецот на својот стан, но тогаш навреме реагираа итната помош и полицијата.

Женската група „Флејм“ во деведесеттите години доживеа голема популарност. Уште една пејачка од составот преживеа тешка животна драма. Во едно интервју, Аријана призна дека дури осум пати ги оперирала градите поради ретко пореметување на жлездите.

Фото: Принтскрин Јутјуб/Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Штити од депресија, дури и од рак: Грчки народен лек од само 2 состојки

Овој деликатес кој се покажал како одличен во превенцијата на многу болести се споменува уште во Хомеровата епопеја „Илијада“. Има неверојатен вкус и се состои од само две состојки. Со една лажичка од оваа смеса во телото внесувате цинк, железо, влакна, магнезиум, калциум, бакар и бројни витамини, особено оние од […]