fbpx

Штити од депресија, дури и од рак: Грчки народен лек од само 2 состојки

Овој деликатес кој се покажал како одличен во превенцијата на многу болести се споменува уште во Хомеровата епопеја „Илијада“. Има неверојатен вкус и се состои од само две состојки.

Со една лажичка од оваа смеса во телото внесувате цинк, железо, влакна, магнезиум, калциум, бакар и бројни витамини, особено оние од Б-групата кои се и клучни за нашето тело нормално да функционира.

Според истражувањата, оваа комбинација од природни состојки е ефикасна во регулирањето на маснотиите во крвта. Покрај тоа што ја елиминира аритмијата и високиот крвен притисок, ја подобрува и циркулацијата на лимфите поради што се добива дополнителна енергија по напорниот работен ден.

Една студија покажала дека редовната употреба на оваа мешавина може да ги реши проблемите со хроничниот замор, анксиозноста и депресијата. Некои истражувачи тврдат дека е соодветна терапија за мултиплекс склероза, но и дека има висок процент антиоксиданси кои спречуваат развој на рак и на други тешки заболувања.

Оригиналниот рецепт:

300 грама таан

300 грама природен мед

Подготовка:

Состојките се мешаат во сад, а можете да додадете и сецкани ореви, бадеми или лешници. Смесата ставете ја во тегла и чувајте ја во фрижидер. Секој ден консумирајте од една до две лажички секое утро. За деца под 12 години доволно е една лажичка дневно.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Животен пресврт за 6 секунди: Веднаш направете го ова!

Сите ние често повторуваме дека немаме време за многу нешта, а не сме воопшто свесни колку работи можат да се променат за само 6 секунди! * За 6 секунди можете да подарите бакнеж или прегратка и да ја уверите личноста дека навистина ја сакате  * За 6 секунди можете некому […]