fbpx

Животен пресврт за 6 секунди: Веднаш направете го ова!

Сите ние често повторуваме дека немаме време за многу нешта, а не сме воопшто свесни колку работи можат да се променат за само 6 секунди!

* За 6 секунди можете да подарите бакнеж или прегратка и да ја уверите личноста дека навистина ја сакате

 * За 6 секунди можете некому да му отворите врата

* За 6 секунди можете длабоко да издишете и да се смирите

* За 6 секунди можете да ставите љубовна порака на хартија во џебот на саканата личност

* За 6 секунди можете да нацртате срце и некому да му го покажете

* За 6 секунди можете да изговорите едно искрено „Извини“

* За 6 секунди можете да ги затворите очите и да се опуштите

* За 6 секунди можете да исфрлите некоја непријатна мисла

*За 6 секунди можете да фрлите во канта предмет што ве потсетува на нешто лошо

*За 6 секунди можете да сфатите колку уживате во нежниот и топол допир на сонцето

* За 6 секунди можете да одлучите повеќе да не му се навраќате на минатото

* За 6 секунди можете да си шепнете себеси или на некој друг – Сѐ ќе биде во ред!

Не повторувајте како папагал дека немате време. Време има сосема доволно за лошиот ден да го претворите во добар. Да сфатите што е важно, а што површно. Време има сосема доволно за да промените буквално сѐ.

За само 6 секунди можете да им се вратите на вистинските вредности – љубезноста, сочувството, надежта, мирот и љубовта.

Имате ли 6 секунди? Како ќе ги искористите?

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Почина млад студент, зборовите на Сара ќе ве расплачат

Итан Џејмс Вилијамс, 22-годишен студент од Ливерпул, почина ненадејно во теретана. Вработените велат дека едноставно се срушил додека вежбал на вреќата за удирање. Иако бил веднаш хоспитализиран, неколку часа подоцна бил прогласен за мртов. Трагедијата се случила пред неколку месеци, но сега конечно е позната причината за смртта (згрутчување на […]