fbpx

Солзи и неверување: Девојката на Ериксен во шок

Испаничена и во солзи, девојката на данскиот фудбалер Кристијан Ериксен се обиде да стигне до своето момче кое колабира на теренот, но обезбедувањето на стадионот Паркен во Копенхаген ја спречи во намерата.

До Сабрина дотрчаа соиграчите на Ериксен. Очекувано, најтрезвено реагираше данскиот капитен Симон Кјаер кој се обиде да ја смири ситуацијата и дефинитивно е херој на натпреварот.

Токму тој беше еден од оние кои скокнаа врз Ериксен и спречи давење откако му го извади јазикот од грлото. Потоа, веднаш почна да мафта, заедно со другите играчи, па лекарите дотрчаа.

Според последните информации, Ериксен е во стабилна состојба. Според фотографиите кои ги објавија светските агенции, тој бил свесен уште додека го изнесувале од теренот, но публиката тоа не можеше да го види, бидејќи соиграчите го сокрија со чаршав додека на носилка со кислородна поддршка беше изнесуван од теренот.

Ериксен колабира во текот на првото полувреме од натпреварот меѓу Данска и Финска на Европското фудбалско првенство кое почна вчера.

Фото: Џонатан Накстранд/Твитер

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Беше прекрасна душа: Македонија тагува по Васко Речкоски

Ненадејно почина д-р Васко Речкоски, професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Трагедијата се случи на само еден ден пред да го прослави јубилејниот педесетти роденден. На социјалните мрежи со емотивни посвети се простуваат од него. Неговите ученици велат дека бил добар професор и човек со големо срце. […]