fbpx

Претепан до смрт: Лука имаше само 18 години

Поминаа 13 години од смртта на загрепскиот матурант Лука Риц кој беше претепан до смрт на 12 јуни 2008 година.

Насилниците подоцна признаа дека монструозното дело го сториле од чиста досада.

Кобната вечер, Лука со пријател чекал автобус кога прво му пришле двајца тинејџери и му побарале пари и цигари. Потоа, како што стои во извештајот на полицијата, едниот од нив без никаков повод физички го нападнал Лука. Му се придружиле и други момчиња и продолжиле да го удираат. Во еден момент, Лука успеал да се подигне и се обидел да побегне, но не успеал во намерата. Почина 12 дена подоцна.

Јавноста во целиот регион беше згрозена од настанот, особено што неговите убијци добија минимални казни.

На полицијата ѝ требаа пет месеци да ги пронајде напаѓачите кои подоцна се осудени на речиси никакви казни, а само еден од нив заврши во затвор на девет месеци, пренесува „Индекс“.

Против првообвинетиот Ј.Ј. постапката беше повлечена затоа што за време на процесот веќе бил упатен на издржување на воспитни мерки во установа, па се сметало дека со ова целта на казнување е веќе исполнета. Второобвинетиот Р.Л. беше осуден на година и пол затвор, но пуштен на слобода по девет месеци, а третообвинетиот М.К. доби само воспитна мерка, односно одење во поправен дом.

Почина млад студент, зборовите на Сара ќе ве расплачат

Лука стана симбол за борба против насилството, а секоја година во јуни се наградуваат ученици од основни и средни училишта во Хрватска за промоција на толеранција и за настава без насилство.

Лука Риц постхумно беше одликуван со признанието „Гордост на Хрватска“.

Фото: Приватна архива/Индекс

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Редовно водевме љубов: Кога открив што прави секое утро, се стаписав!

Проблемите во бракот се нормална појава. Не можеме да очекуваме дека никогаш нема да имаме конфликти со партнерот. Една Британка неодамна раскажа како после само една година живот во заедница, речиси и да нема односи со сопругот. „Првите месеци беа одлични. Редовно водевме љубов, дури и по неколкупати на ден, […]