fbpx

Имунолог советува: Овие промени на кожата се сигнал за сериозно заболување!

Според зборовите на имунологот Ксенија Бочарова, подочниците или темните кругови под очите може да укажуваат не само дека не сте спиеле доволно или дека сте „претерале“ претходната ноќ, туку и дека имате сериозни здравствени проблеми.

Наводно, ова не е правило, но доколку подочниците ги имате со денови, би било добро да посетите лекар.

Промената на лицето може да биде сигнал за неколку заболувања. Подочниците најчесто алармираат на проблеми со црниот дроб или со бубрезите. Тука може да се јават и други индикатори. Ако црниот дроб е во лоша состојба, кожата добива жолта нијанса, а ако бубрезите се проблематични, навечер ќе ви отекуваат рацете и нозете.

Понекогаш подочниците може да бидат знак за силна хипоксија – недоволна количина на кислород во воздухот кој го дишете. Ова правило е предизвикано од недостаток на есенцијални микроелементи, како што се на пример железо или селен.

Во некои случаи, подочниците не се последица за развој на опасни болести. Па така, колку е личноста постара, кожата под очите станува потенка и затоа добива темна боја.

Ксенија советува дека сепак најдобро е да се закаже рутински преглед и на тој начин да ја исклучите можноста од најчестите здравствени проблеми како анемија, болест на бубрезите и на црниот дроб, како и проблем со кардиоваскуларниот и респираторниот систем.

Фото: Шатерсток

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Погреб, наместо роденден: Се удави младо момче, зборовите на семејството ќе ве расплачат

Десетгодишно момче се удави на градскиот базен во Оџаци кога негов врсник наводно го турнал додека си играле. Во паника, другарот веднаш побегнал од местото на несреќата, а безживотното тело на Б.П. било извадено од водата дури по еден час од трагедијата која го потресе регионот. Родителите на Б.П. скршени […]