fbpx

Аце ја уби Марина неколку дена пред свадбата: Татко му ги шокира сите

Рускиот туристички работник Александар Вороњин, син на поранешен службеник на КГБ, крвнички ја убил својата врсничка, 26-годишната Марина Панкратова, со која требал да се венча за неколку дена.

Девојката е пронајдена гола во кревет три часа по злосторството, а телото било непрепознатливо. Лицето ѝ било унаказено, а коските напукнати како последица од силен удар со тап предмет, пренесува „Дејли меил“.

Откако си ја убил вереницата, Александар се обидел да побегне во странство, но не успеал во намерата поради пандемијата.

Безживотното тело на Марина го пронашла нејзината мајка.

Момчето се предало на полицијата по иницијатица на татка си кој му ветил дека ќе го ослободи.

Пред судот осомничениот изјавил дека на ништо не се сеќава, а неговите роднини тврделе дека е невин и дека не е убиец.

Соседите на двојката се шокирани од трагедијата. Велат дека Марина и Александар биле хармонична двојка.

„Беа прекрасни. За неколку дена требаше да се венчаат. Имаа навистина нежна романтична врска и никогаш немало инцидент“, изјавиле тие.

Од друга страна, пак, еден пријател на Марина изјавил дека таа неодамна се пожаила во полицијата на семејно насилство, но дека бргу го повлекла обвинението откако партнерот ѝ ветил дека ќе ја земе за жена.

Александар е осуден на четиринаесет и пол години затвор.

Фото: Фејсбук Марина Панкратова/Профимедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Нѐ напушти за една минута: Почина Виолета, нејзината ќерка неутешна

Ненадејно почина реномираната македонска поетеса Виолета Сековска. Тажната вест од нејзиниот профил на „Фејсбук“ ја сподели ќерка ѝ Сара. „Знам дека има многу пријатели и ве известувам дека вчера таа не’ напушти и замина на другиот свет. Секогаш велеше дека животот е една минута и за една минута не’ напушти. […]