fbpx

Нѐ напушти за една минута: Почина Виолета, нејзината ќерка неутешна

Ненадејно почина реномираната македонска поетеса Виолета Сековска.

Тажната вест од нејзиниот профил на „Фејсбук“ ја сподели ќерка ѝ Сара.

„Знам дека има многу пријатели и ве известувам дека вчера таа не’ напушти и замина на другиот свет. Секогаш велеше дека животот е една минута и за една минута не’ напушти. Нејзината големина на човек и енергија ги сакавте многу и знам дека нејзината насмевка ќе ви ѕвони постојано“, напиша, меѓу другото, таа.

Погреб, наместо роденден: Се удави младо момче, зборовите на семејството ќе ве расплачат

Сековска е автор на повеќе книги поезија, а беше и еден од иницијаторите и организаторите на хуманитарната манифестација „Од децата за децата“.

Често потенцираше дека културата е таа што ги зближува народите.

„Културата е онаа билка која што го лекува секое општество и токму мојата стихозбирка „Созерцание“ што значи будност, нам Македонците ни е повеќе од неопходна и со очи и со срце и со душа и со ум“, потенцира во едно интервју.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Естрадата во солзи: Ја сакаше музиката како неговиот легендарен брат

Познатиот пејач Новица Здравковиќ, помладиот брат на легендарниот Тома Здравковиќ, почина вчера по повеќегодишна битка со рак на мочниот меур. Информацијата за неговата смрт многу негови колеги ја примија со неверување. „Беше многу добар човек. Блескаше со милост, со добрина и таа насмевка не се заборава. Навистина ми е жал, […]