fbpx

Естрадата во солзи: Ја сакаше музиката како неговиот легендарен брат

Познатиот пејач Новица Здравковиќ, помладиот брат на легендарниот Тома Здравковиќ, почина вчера по повеќегодишна битка со рак на мочниот меур.

Информацијата за неговата смрт многу негови колеги ја примија со неверување.

„Беше многу добар човек. Блескаше со милост, со добрина и таа насмевка не се заборава. Навистина ми е жал, нека му е лесна црната земја“, изјави неговата колешка Злата Петровиќ.

Се огласи и пејачката Мина Костиќ со која често гостуваа заедно во телевизиски шоуа.

„Ќе го паметам по хитовите, по неговата спонтаност. Го сакаше животот, многу ја сакаше музиката како и неговиот легендарен брат. Сочуство до семејството, нека почива во мир“, порача таа.

Смртта на Здравковиќ особено ја погоди и Гоца Божиновски.

„Многу ми е жал, се познававме, дури имавме и неколку заеднички тезги. Сочуство до фамилијата“, напиша таа на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/Курир

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Мајка за миг го остави бебето со питбул: Кога се врати силно заплака

Шест недели старата Кејтлин има најдобар пријател и чувар, куче од расата питбул. Мајката на девојчето за миг ги оставила сами во собата, а кога се вратила била сведок на преубав момент. Она што го затекнала, одлучила да го сними и да го сподели на интернет. Реакциите се крајно позитивни, […]