fbpx

Селфи пред тешката операција: Причината ќе ве расплаче!

Проф. д-р Ербуг Кескин има обичај пред секој зафат да легне на операционата маса со децата што ги оперира и да направи селфи-фотографија за да им го ублажи стравот.

Едно од тие деца на кои пред речиси десет години овој реномиран турски лекар му го спасил животот, сега објави заедничка слика која стана вирална.

Со години ова момче ја посетувал ординацијата на д-р Кескин и за него вели дека е посветен здравствен работник на кој многу, сега веќе возрасни луѓе, му го должат животот.

Овој лекар е роден на 15 април 1955 година. Основно образование завршил во три различни градови, а средно во „Галатасарај“, едно од највлијателните училишта во Истанбул.

Дипломирал на државниот Медицински универзитет, а специјализирал детска хирургија. Бил член на Комисијата за спречување на злоставување на деца, а од март 2010 година работи на Клиниката за педијатриска хирургија при Медицинскиот факултет во Истанбул. Оттогаш практикува да се фотографира со своите пациенти, особено со оние кои се најуплашени пред операцијата.

Фото: Фејсбук/Твитер

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Бог ги одбира само најубавите ангели: Неверување по смртта на Ема

По смртта на младите македонски ракометари Никола Даниловски и Марко Божиновски, нова трагедија ја потресе спортската јавност. Лошите вести овојпат доаѓаат од Хрватска, од ракометниот клуб Трешњевка. „Со длабока болка и тага ве информираме дека вчера по кратко и тешко боледување почина нашата соиграчка и пријателка Ема Грозница. Бог за […]