fbpx

Данијела почина од корона: Се породи пред еден месец, бебето никогаш не го виде

Се уште се бројат жртви кои секојдневно ја губат битката со коронавирусот.

Една од најпогодените јужноамерикански земји е Аргентина каде, за жал, редовно умираат млади луѓе, меѓу кои и трудници кои се испостави дека се најризична група.

Уште една тажна вест овојпат ни доаѓа од Сан Хуан. Од последици на Ковид-19 почина младата мајка Данијела Каса која се заразила на гинеколошкото одделение. Таа пред само еден месец ја родила ќерката Амели.

На Данијела ѝ се влошила состојбата веднаш по породувањето. Речиси цел месец била на интензивна нега и лекарите не успеале да ја спасат.

Таа е трета бремена жена која во период од само три месеци почина во овој град.

„Каква тажна вест. Почивај во мир, Данијела. Нека ти е светол патот“, напишаа нејзините роднини на „Фејсбук“.

Фото: Фејсбук

* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Закани по живот, развод, рак.. Поранешниот сопруг на Маријана си ја отвори душата

Докажаниот македонски музичар првпат толку искрено проговори за несреќните денови Животот во Австралија мене лично ме измени до тој степен, да се осеќав како губитник на кој не му успева апсолутно ништо, ни да си најди работа во својата професија, ни да го заштити своето семејство од разно разни глупости […]