fbpx

Крвав хонорар: Овие естрадни ѕвезди се поврзуваат со Беливук

Долг е списокот со естрадни ѕвезди кои наводно пренесувале дрога и переле пари за криминалната банда на Вељко Беливук.

Во мобилниот телефон на популарниот Веља Невоља, полицијата открила експлицитни фотографии кои доколку јавно се објават, би нанеле огромна штета на многу познати личности.

Познатите старлети Тијана Ајфон и Мими Оро не се единствените личности од српската естрада кои наводно биле на платен список кај Беливук и одработувале за него по потреба.

Прва на удар беше пејачката Ана Николиќ која ја поврзуваа со обвинителот Томо Зориќ кој наводно во повеќе наврати ја злоупотребил службената должност за да ги заштити интересите на Беливук.

Невоља го поврзуваа и со соработници на фолк-ѕвездата Драгана Мирковиќ, со раперот Стефан Ѓуриќ Раста, но и со еден од најпопуларните јутјубери во регионот, Богдан Илиќ чие уметничко име е Бака Прасе.

Трауми од детство, монструозен ум: Животот на Веља Невоља

Невоља и неговите соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ги наполнивме двете раце: Искра Трпева има голема причина за радост

Искра Трпева Арсовска има голема причина за радост. Ќерката на познатата пејачка и професорка по соло-пеење денеска го слави јубилејниот десетти роденден. „Ги наполнивме двете раце. Среќна 10-ка, сон мајкин! Мама и тато те сакаат бесконечно. Само ти биди ни жива, здрава и секогаш насмеана“, напиша Искра под фотографијата со […]